Даниел денес ќе ја промовира англиската верзија на евровизиската „Лисја есенски“


Актуелниот македонски претставник за избор на песна на Евровизија, Даниел Кајмакоски денес во 17 часот на првиот канал на Македонската Радио Телевизија ќе ја промовира англиската верзија и видео-записот на евровизиската тема „Лисја есенски“ (Autumn leaves).daniel evrovizija

Со оваа композиција Даниел во мај ќе ја претставува Македонија на јубилејното 60. издание на Евровизија кое ќе се одржува во Виена.

Кајмакоски во Виена ќе настапи на англиски јазик, а за новиот аранжман на композицијата, чиј автор е шведскиот композитор Јоаким Персон, се погрижи композиторот Роберт Билбилов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1