Денес повторно снег – викендов сонце


Времето денес во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. Во јужните делови врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, кој попладне ќе го промени правецот во северен.sneg-vrne

Температурата ќе биде од нула до три степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, кој попладне ќе го промени правецот во северен. Температурата ќе достигне до еден степен.

Утринските температури денес и утре малку ќе се покачат, а потоа од четврток утринските температури повторно ќе опаѓаат.

За време на викендот ќе има се повеќе сончеви периоди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1