Детали за падот на авионот кај Велес: Граѓаните слушнале силна експлозија


Во 17:44 часот дежурниот од ДОЦ на РЦ – Север пријавил дека од Контрола на летање примиле повик, дека комерцијален авион со 6 патници им се изгубил од радарот.aerodrom magla1

Sе работи за авион марка “Пајпер“ со германски национални ознаки кој летал од Италија од Тревизо и требал да слета на аеродромот во Скопје да танкира гориво.

Сигналот од радарот се изгубил во 17:35 часот на локација од аеродром “Александар Велики“ 10 км во правец према Велес.

СВР Велес примиле телефонска пријава од граѓанин дека слушнал експлозија во близина на с.Кожле.Експлозија и пожар во велешкото село Ветерско во близина на Велес вечерва биле пријавени во Министерството за внатрешни работи и на местото се упатени полициски и противпожарни екипи, каде се утврдува дали е урнатиот приватен авион со германски национални ознаки кој превезувал шест патници и за кој претходно МВР потврди дека исчезнал од радарот на Контролата на летање на скопскиот аеродром „Александар Велики“, на 10 километри од влезно-излезната писта, пренесуваат медиумите.

Од страна на Алфа екипа од СВР-Скопје примена е пријава од граѓани дека забележале пожар кај с.Ветерско. Кон авионот во пламен се упатени медицински и противпожарни екипи.

Авионот полетал од Тревизо, Италија, и во Македонија бил уредно пријавен за дополна на гориво.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1