Девет години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце


По повод навршувањето девет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 припадници на Воздухопловната бригада (ВБР) на АРМ, денеска ќе биде положено цвеќе на спомен-обележјата пред Командата на ВБР во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и на местото на несреќата кај катлановско Блаце.BLACE NESREKJA

Почит на загинатите ќе им оддадат делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда, ВБР, како и членови на нивните семејствата.

На одбележувањето на годишнината од загинувањето на припадниците на ВБР, на местото на хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце, цвеќе ќе положи министерот за одбрана, Зоран Јолевски.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1