Џабе давате пари за скапи очила – дизајнерска измама во бизнисот со очила


Тргнувајќи од тоа дека сите се прават во иста фабрика, па се до фактот што не нудат ништо подобра заштита од поевтините, дизајнерските очила се залудно фрлање пари. Пред да дадете стотици долари за пар брендирани очила, треба да знаете неколку важни податоци.

2012-New-Design-Sunglasses-Fish-Eyewear-Flip-up-Sunglasses-Private-Label-Sunglasses-MS106-Повеќето очила се произведени од иста компанија

Реј-Бан, Оукли, Булгари, Долче и Габана, Салваторе Ферагамо, сите се направени од еден ист производител, италијанската компанија Луксотика, една од најголемите потрошувачки фирми за која сигурно не сте ни слушнале. Оваа компанија ги произведува и очилата од марките: Бурбери, Шанел, Поло Ралф Лорен, Пол Смит, Стела Макартни, Тивфни, Версаче, Воуг, Персол, Миу Миу и Дона Каран.

“70% од тие марки се произведуваат во нашата фабрика во Италија а останатите во САД и Кина. Ние стоиме зад дизајнот, производството и маркетингот. Најголем дел од брендовите ги произведуваме со лиценца и во соработка со дизајнерите од наведените модни куќи. Наши сопствени брендови се Реј-Бан, Оукли, Оливер Пиплс и РЕВО”, вели портпаролот на компанијата.

Во многу случаи, истата компанија и ги продава очилата

Во сопственост на Луксотика се и Ленс Крафтерс, Перл Вижн и Санглас Хат. Тоа значи дека очниот лекар, продавачите и дизајнерите на очила работат за истата компанија.

Маржите се подеднакво големи колку што изгледаат

Од Луксотика велат дека заработуваат 64 центи од секоја 1 долар од продажбата. И покрај сите останати трошоци (реклама, лиценца и сл.), ним им остануваат 52 центи.

Иако се толку скапи, дизајнерските очила можеби и не се толку добри за вашите очи

“Очилата од 300 долари не се ништо подобри од оние што чинат 100 долари, освен што изгледаат подобро и имаат познато лого”, вели др. Џеј Дјукер, претседателот на центарот за офталмологија Туфтс.

Други експерти се согласуваат со него и додаваат дека најголем дел од парите одат за брендот а не за стаклото. Тие велат дека правењето квалитетни стакла воопшто не е некоја скапа технологија. За само 40 долари можат да се направат очила кои нудат 100 процентна заштита од ултра виолетови зраци.

Евтин пар очила за сонце од аптека не се најлошто нешто во светот

“Главната причина заради која луѓето носат очила е блокирање на регуларната дневна светлина. Од таа гледна точка, поевтините очила си ја вршат работата”, вели др. Реза Дана офталмолог хирург.

Скапите дизајнерски очила ве чинат многу повеќе отколку што воопшто сфаќате

Луѓето кои носат дизајнерска облека и аксесорис, ја следат модата секоја година. Очилата се потрошна роба, бидејќи често се случува да се изгубат, изгребаат или скршат. По 200 долари годишно, со камата од 4%, за 50 години на очила се трошат 30.000 долари.

urbantime.com.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1