ДИК е подготвена за прегласувањето во Теарце, избирачкото ливче е исто


Утре во Теарце ќе се прегласува на избирачкото место 2011 во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ по одлуката на Управниот суд да го поништи гласањето на ова избирачко место.izbori livcinja

Државната изборна комисија едногласно донесе одлука за прегласување бидејќи симулацијата направена од ИТ-секторот покажала дека прегласувањето може да влијае на резултатот од изборите.

Според ДИК, Теарце е подготвено за гласање, а акредитирани се набљудувачи на невладините организации на МОСТ и ЦИВИЛ.

Иако ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да учествува во прегласувањето уште пред да се донесе одлуката на Судот, ДИК вели дека избирачкото ливче останува исто со сите 11 кандидатски листи.

Причината за поништување на гласањето беше жалбата на СДСМ дека од кочанот со избирачки ливчиња недостига едно ливче, а исто потоа беше пронајдено во избирачката кутија. Од избирачкиот материјал недостига и образецот број 15. Во Теарце се впишани 714 гласачи од коишто на 11 декември излегоа 404.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1