До недела не излегувајте без чадор


Времето во Македонија ќе биде облачно со услови за појава на локален дожд, особено во претпладневните часови во источните делови од земјата. Преку денот ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер, особено засилен ќе биде долж Повардарието. Во попладневните часови облачноста ќе се намалува и ќе има се почести сончеви периоди.dozd

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17 степени, а дневната од 20 до 28 степена.

Во Скопје слично време, претпладне променливо облачно со услови за повремен дожд, а ќе дува и умерен повремено засилен северен ветер. Попладне ќе има повеќе сончеви периоди и мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Утре и во петок ќе дува умерен, повремено и засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат пониски за три до пет степени. Во петок и сабота во попладневните часови се уште ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд. Во недела ќе има услови и за појава на нестабилност со појава на грмежи и локален пороен дожд. Дотогаш температурите ќе бидат во благ пораст.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1