Два пати поголема од земјата – откриена нова планета на која е можен живот (Видео)


Научниците од Харвард-Смитсониан Центар за астрофизика, открија целосно нов вид планета, наречена Мега Земја, за која теоретичарите веруваа дека воопшто не постои. Новооткриената планета го доби името Кеплер-10с. Стара е околу 11 милијарди години (повеќе од двојно во однос на Земјата која е стара 4,5 милијарди години), а околу своето сонце ротира во текот на 45 дена.

Откриена е од страна на телескопот на НАСА Кеплер.

mega planetaОваа „годзила“ меѓу планетите, е 2 пати поголема од Земјата и дури 17 пати потешка од неа. Се претпоставува дека така масивна планета привлекувала водород и хелиум од атмосферата и така станала плински гигант како Јупитер, целосно неприлагодлив за живот.

Сепак, оваа планета се смета за потенцијално место за живот надвор од Земјата. Тоа е првенствено поради фактот дека не се смета за гасовита планета, туку се изведува заклучок дека е создадена од камења и останати цврсти материјали.

-Кеплер-10с не ја изгубила својата атмосфера во текот на времето. Планетата е двојно масивна што сигурно не ја изгубила ако некогаш ја имала, тврди Ксавијер Думуск, кој го открил овој гигант, кој настанал во раната фаза на создавањето на вселената.

Токму во најраните денови на вселената постоеле само водород и хелиум. Потешките елементи од кои се составени камените планети, како Земјата, создадени се дури по првиот бран експлозија на ѕвездите.

Кеплер-10с е формирана три години по Големиот прав и покажува како камените планети настанале.

-Откривањето на Кеплер-10с ни говори дека камените планети настанале порано отколку што сме мислеле. А доколку на гасовитата планета може да настане камен, тогаш можно е на неа да се создаде и живот, тврдат научниците.

-Меѓутоа, не смееме да заборавиме дека ова е масивна планета, што значи дека минералите на неа се практично компресирани. Она што го гледаме во густината главно е поради компресијата а не поради различниот состав. Во прашање е комбинација на камера и вода, веројатно пет до 15% вода, изјави професорот Саселов од Харвдар-Смитсонијан Центар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1