Експерти тврдат: По Брегзит, Британија ќе исчезне за 5 години


Фактите се следни велат „Брекспертите“: Британија ја напушта ЕУ, премиерот Камерон поднесува оставка, милијарди исчезнуваат на берзата, а резултатот, предвидуваат тие е исчезнување на Британија за 5 години.

Ричард Хас, претседател на Советот за меѓународни односи, предвидува дека Велика Британија веќе во наредните пет месеци ќе осиромаши, а дека уште некоја од земјите ќе направи референдум за останување во ЕУ. Борис Џонсон ќе биде нов премиер. Фунтата дополнително ќе ослаби, а популарноста на Доналд Трамп значително ќе порасне поради “Брегзит”, токму пред изборите во САД.brexit-640x343

За пет години, повеќе нема да постои Обединето Кралство. Шкотска ќе биде независна и во ЕУ, а многу е веројатно дека и Северна Ирска ќе се соедини со Ирска. Уште неколку земји ќе ја напуштат ЕУ, но ќе ги задржат добрите односи со Унијата.

-Многу зависи од тоа и какви луѓе ја водат ЕУ и Велика Британија, како и САД, вели
Даниела Плетка, потпретседателка за студии за надворешна политика на Институтот “American Entreprise”.

Таа предупредува дека светот е во зенитот на популизмот, како и дека Брегзитовци и Трамповци се погласни од претходно

-Луѓето се сè посиромашни, бројот на бегалците расте, луѓе губат доверба во владите. Поентата е само лидерите на европските земји да дојдат до решение на тие проблеми заобиколувајќи го популизмот. Во спротивно, светот ќе се врати во 1933. година, во времето на фрагилна политика, бес, опасни луѓе со опасни одлуки, и потоа знаете што се случи, вели Плетка.

Џон Меклафин, поранешен В.Д директор на ЦИА и професор на Универзитетот “John Hopkins”, вели дека во наредните пет месеци Унгарија, Полска, Чешка и Холандија будно ќе ја следат состојбата во Британија. Доколку штетата биде поднослива, и самите ќе се обидат да се одвојат од ЕУ.

-Доколку се случи тоа, за пет години опстанокот на ЕУ ќе биде во опасност. Германија ќе ги крои политичките и економските трендови, додека Русија ќе ужива во распадот на ЕУ, и ќе го зголеми своето влијание во однос на НАТО, посебно во земјите од ЕУ. Путин би напишал посмртница за ЕУ, вели Меклафин.

Од друга страна има и Брексперти кои имаат малку попозитивни анализи. Дин Бејкер, еден од директорите на Центарот за економски и политички истражувања во Вашингтон е многу пооптимистичен од своите колеги.
-Во наредните пет месеци пазарот ќе се стабилизира, а потоа и во целост ќе се промени по поразот на Трамп во ноември. Британија ќе застане на нозе, а во наредните пет години и ЕУ и Островот ќе ги отфрлат политичките штедења и ќе забележат голем економски раст, тврди Бејкер.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1