ЕУ побара темелна истрага за убиството на словачкиот истражувачки новинар


Словачките власти го осудија убиството на истражувачкиот новинар Јан Кучијан и понудија награда од еден милион евра за информации кои ќе помогнат за расветлување на случајот. И ЕУ го осуди нападот и побара темелна истрага. 27 годишниот Кучијан и неговата свршеница биле екзектуирани со истрели во главата и градите во нивниот дом во градот Велка Мач.

– Не можеме да бидеме земја каде се убиваат новинари. Секое убиство го сметам за огромна трагедија, како човечка, така и општествена, изјави Луција Зитнанска-министер за правда.

Кучијан истражувал и пишувал за даночни измами на бизнисмени поврзани со владејачките социјалдемократи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1