Еве какво време не очекува денес


Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни во западните и источните делови од земјата. На највисоките планини особено во западните делови ќе има услови за повремен снег. Преку денот ќе дува умерен до засилен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина од 50 до 70 километри на час.oblaci sonce vreme mk

Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 12 до 17 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и умерен претежно југоисточен ветер кој повремено ќе засилува. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Во следниот период од понеделник до среда ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе биде над нула, а дневната ќе биде во постепено опаѓање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1