Еве за што се може да ви се најде лакот дома


1. Безбојниот лак го штити накитот од кородирање

Кога воздухот ќе го допре металот на вашиот нов прстен, металот може да оксидира и да ја промени бојата. Безбојниот лак го штити накитот од воздухот и на тој начин спречува кородирање.

2. Со лакот можете да го спречите кинењето на хулахопките

За да спречите дупката на хулахопките да се прошири, нанесете малку лак на краевите. Кога ќе се исуши, ќе спречи дупката да стане поголема.

3. Со помош на лак можете да протнете побрзо конец во игла

Доколку врвот од конецот го поминете неколкупати со лак, лакот ќе се зацврсти и на тој начин полесно ќе можете да го протнете конецот во иглата.

4. Организирање на вашите клучеви

Секој клуч обојте го со различна боја на лак и такасекогаш ќе знаете кој клуч за која врата ви е.

5. Запечатување на писма

Доколку го мразите она класично лижење на писмата, можете на краевите да нанесете малку лак и така ќе го запечатите писмото.

6. Спасување на уништените чевли

Најдете некој лак кој е во иста боја како вашите чевли и поминете со лакот кај уништените места.

Serkja.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1