Фаќал сеир на сообраќајка во Охрид, па го удрил автомобил


policija stop

На патот од Пештани кон Елешец, во охридско се случила необична сообраќајна незгода.

Како што пишува Република, прво патничко моторно возило „рено клио“ со српски сообраќајни таблички поради неприлагодена брзина се судрил со „форд галакси“ со австриски регистарски таблички.

Веднаш се насобрале луѓе да видат што се случило, но налетал „сеат леон“ со скопски сообраќајни таблики. Возачот не очекувал незгода и толпа народ на патот. Ги избегнал судрените автомобили, но налетал на минувач и силно го удрил.

Повредениот е вон животна опасност и веднаш бил пренесен во костозглобната болница со неколку скршеници на раката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1