Федералниот суд се сомнева дека вакцината за Хепатитис B предизвикува фатален авто-имуно пореметување


Денешното општество овозможува новороденчињата да бидат вакцинирани со секакви хемикалии веднаш штом ќе дојдат на свет. Во името на „превенцијата“ на бебињата им вбризгуваме вакцини, за кои ни самите не сме сигурни колку се безбедни. 

vakcine-vakcinacija-1343770202-192487Една од таквите е вакцината против хепатитис Б, која е одобрена за доенчињата по раѓањето, но очигледно е одговорна за предизвикување на сериозни болести па дури и смрт.
Американскиот федерален суд застана на страната на семејството на починатата Тамбре Харис, која почина како резултат на авто-имунолошката болест наречена „systemic lupose erythematosus“ (SLE).

Судот на семејството му додели 475,000 долари, откако било утврдена дека хепатитис вакцината била причина за смртта. Но, ова речиси и да немаше никаков прием за некаква промена во однос на причинско последичната врска меѓу вакцината и болестите кои што ги предизвикува истата, а кои што често знаат да резултираат и со смрт. Новороденчињата и понатаму се вакцинирани со ваквата вакцина.
Зошто е толку важно новороденчињата да бидат вакцинирани? Хепатитисот Б не е пријатен и може да биде смртоносен. Но, новороденчињата и огромното мнозинство на луѓе, на секоја возраст не се изложени на ризик да бидат заразени од истата.

vakcinaТој се шири преку контакт со телесни течности, како и преку незаштитен полов однос, или валкани игли.
„Ризиците поврзани со хепатитис Б се многу поголеми од самата вакцина, отколку да се заразиме на друг начин“, вели доктор Јане Ориент од Здружението на американски доктори и хирурзи.
„За повеќето деца, ризикот од сериозна реакција на вакцината, може да биде 100 пати поголем од ризикот од хепатитис Б.
Сепак на новороденчињата им се дава вакцина веднаш по пристигнувањето на свет.
Веќе се повеќе родители се сомневаат во потребата за вакцината, па дури има и такви кои сметаат дека има контра ефекти од кои може да се добијат и мултиплекс склероза и други автоимуни заболувања, па дури и да дојде до ненадејна смрт.

Се поголем број на родителите низ целиот свет се јавуваат кај Вакцинацискиот Информативен Центар да го пријават противењето на прописите кои се донесени од страна на државното одделение за здраство, со кое законски се бара децата да бидат вакцинирани три пати против Хепатитс Б, пред да им биде дозволено да бидат запишани во детските градинки, основните училишта, средните училишта или пак на колеџ.
Од таму велат дека одлуката дали ќе биде вакцинирано детето им припаѓа исклучиво на родителите и да не се дозволува лекарите да бидат еднинствен извор на информации.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1