ФОТО: Модерниот зелен парк во Горно Лисиче од денес во употреба


Станува збор за хортикултурно и партерно уредување на дел од местото познато како Бановина, каде е изграден нов зелен парк со вкупна површина од околу 6.500 метри квадратни.

a4Истиот содржи зелена површина од околу 2.300 квадратни метри, која е уредена со висока и ниска вегетација и езеро на две нивоа со пешачки мост.

Детско игралиште, лулашки, езеро, видиковец, лизгалки и вртелешка се составен дел од модерниот зелен парк во Горно Лисиче.

-Со изградбата на овој парк граѓаните од Горно Лисиче ќе добијат зелено катче за одмор и рекреација, а Аеродром уште еднаш ќе го потврди атрибутот на најзелена општина. Особено сме горди што општина Аеродром стана препознатлива по нејзините прекрасни паркови, истакна Коневски на стартот на изградбата на овој парк кој беше означен во март месец.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1