Фото: Од секс-машина до духовна жена посветена на ајурведа


Иако многумина ја бараат за соработки и и нудат нови песни, хрватската пејачка Ивана Банфиќ долго време ја нема на музичката сцена. Својот мир и терапија, популарната 45-годишна пејачка го пронајде во ајурведата, традиционална индијска медицина што е се попопуларен начин за духовно лечење во светот.

ivana-banfic-300x172
– Не сум веќе насочена кон некакви материјални работи, некакви успеси, туку мојот фокус е кон мојата внатрешна страна. Кога бев дете, кога почнав…тоа беше тој ентузијазам. Живеев во моментот, живеев за песната, за стајлингот, за тоа да се биде познат, тоа се сите искуства преку кои, всушност, треба да се помине – вели Банфиќ во интервју за хрватскиот „Ин магазин“.

Неодамна таа призна дека на почетокот на кариерата била вистинска секс-машина и имала секс и по пет пати на ден. Иако не се кае за она што го поминала, денес, вели, два пати би размислила дали би почнала кариера. Смета дека на денешните пејачи им е многу потешко, отколку што неа и било на почетокот, но дека искуството доаѓа со годините.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1