ФОТО+ВИДЕО: Убиен таткото-џихадист кој ги прати ќерките во самоубиствен напад


Пред една недела на социјалните мрежи беше објавено исклучително морничаво видео во кое родители радикални исламисти од Сирија се опростуваат од своите две ќерки, кои под нивно влијание одат во самоубиствен напад.jihadist-jpg1_

На снимката се гледа жена во бурка и две двете девојчиња на возраст од 7 и 8 години а во позадина зборува маж, односно нивниот татко кој зборува за извршувањето на напасот.

Во позадина се гледа препознатливото црно-бело знаме на Исламска држава и може да се слушне музика каква што ги проследува пропагандните видеа на терористичката група.

Двете девојчиња кажуваат „Алах икбар“ (Бог е голем).

Според сириските медиуми, мажот и жената на снимката се родителите на несреќните девојчиња.

Дописникот на Русија Денес за Блискиот исток, Лизи Фелан на Твитер објави информација дека таткото Абу Нимир е убиен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1