Француското разузнавање предупредувало на напад со возило


Шефот на Главната управа за внатрешна безбедност на Франција (DGSI), Патрик Калвар, уште во мај предупредувал за можноста терористите да употребат транспортни средства за извршување напади во земјата, пренесува весникот Le Figaro ноќта кон петокот по терористичкиот напад во јужниот град Ница во кој со камион во кој се откриени експлозивни направи подготвени за користење се убиени најмалку 78 луѓе.nica2

Во четвртокот вечерта, околу 22.30 часот по локало време камион се заби во толпа луѓе кои се собраа на познатото Англиско шеталиште во Ница да го проследат огнометот по повод националниот празник Денот на падот на Бастилја. Според очевидци, камионот воопшто не запирал возејќи цик-цак со цел да прегази што повеќе луѓе речиси два километра по шеталиштето. Возачот е убиен во престрелка со полицијата. Според последните извештаи, загинале најмалку 78 луѓе, а од стотината повредени 42 лица се наоѓаат во критична состојба.

Како што пишува Le Figaro, на 24-ти мај шефот на француското контраразузнавање учествувал на затворено сослушување на специјалната комисија на Националното собрание (долниот дом на парламентот), при што рекол дека терористите од Исламската држава ќе го променат начинот на дејствување.

„Убеден сум дека тие ќе се префрлат на употреба на автомобили бомби и експлозивни направи со голема разорна моќ“, рекол Калвар во текот на сослушувањето на комисијата.

Според него, водачите на терористичките ќелии влегуваат во Франција со цел да организираат напади на нејзината територија, и притоа може да ја сменат стратегијата за користење самоубијци.

Оружјето и гранатите кои биле пронајдени во камионот со кој е извршен нападот во Ница, биле подготвени за употреба, изјави ноќта кон петокот челникот на регионот Прованса-Алпи-Азурен брег, поранешниот градоначалник на Ница, Кристијан Естрози, во интервју за телевизијата BFMTV.

Според Естрози, во камионот имало гранати и оружје „доволно моќни и подготвен за употреба“. Претходно тој истакна дека „собраните информации укажуваат на тоа дека активностите на возачот на камионот биле намерни и планирани“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1