Лажна тревога во Париз: Ајфеловата кула во црн чад поради грешка со огнометот (ВИДЕО)


Ајфеловата кула во Париз синоќа беше речиси целосно прекриена со црн чад откако се запалил пиротехничкиот материјал за огномет кој се наоѓал во еден од камионите.ajfelova 22

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа една од најпознатите туристички локации во Франција прекриена со чад, по што почна да се шири паника.

Полицијата веднаш соопшти дека инцидентот бил предизвикан од камион кој превезувал пиротехнички материјал кој се запалил, и потврди дека настанот не е поврзан со нападот во Ница и дека не станува збор за терористички напад.

Сепак, имајќи ги предвид случувањата во Ница, полицијата ги замоли граѓаните да не приоѓаат до кулата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1