Германија ќе ги враќа бегалците назад во првата земја на ЕУ


Во обид да ја надмине кризата со бегалскиот прилив, Германија има намера да го врати во акција Даблинскот договор.

Според истиот новите бегалци кои пристигнале во Германија ќе се испраќаат кон првата земја на ЕУ, чија граница ја преминале. Токму таму мора да бидат регистрирани и да им биде разгледано барањето за азил, пренесоа Deutsche Welle.germanija

Единствената земја од ЕУ, која Берлин е склон да ја ослободи од договорот е Грција. Постапката ќе се применува на сите мигранти кои пристигнале во Германија по 21 октомври, вклучувајќи ги и сириските.

Дејството на даблинскот договор во однос на бегалците од Сирија беше суспендирано од Германија во август 2015 година. Тогаш германските власти изјавија дека мерката е привремена.

Сепак испраќањето на бегалци кон првата земја на ЕУ, чија што граница ја преминале ќе биде комплицирана задача, која може да создаде проблеми во Унијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1