Го промаши автобусот: Македонија за малку ќе заминеше во Вараждин со нов голман


Репрезентацијата на Македонија денеска замина во Вараждин каде што од утре почнува вториот круг на ЕП со средбите од групата 2. Денеска ракометарите беа расположени после одличните резултати, па сите очекуваат таквата атмосфера да продолжи и во иднина.

Во моментите кога автобусот со ракометарите се подготвуваше да тргне од пред хотелот каде што беа сместени во изминатата недела во автобусот на Македонија се најде нов голман.

Македонија можеше да добие засилување од голманот на Монпеље, Винсен Жерар кој помисли дека тоа е нивниот автобус, па ги поведе колегите.

joie Vincent Gerard (France)

Сепак, кога виде дека на првото седиште во автобусот е Раул Гонзалес мораше да се симне и да продолжи кон салата во „Дом спортова“ каде што денеска требаше да тренира селекцијата на Франција.

Во секој случај доволно интересен момент за сеир кај колегите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1