Ѓоковиќ соопшти: Ја завршувам сезоната


Српскиот најдобар тенисер Новак Ѓоковиќ обелоденил дека поради повреда на десниот лакт ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната.

-По година ипол проблеми со лактот, што кулминираше во последниот месец, два, донесов одлука дека нема да играм до крајот на оваа сезона. За жал, ова беше одлука која мораше да се донесе. Вимблдон секако ми беше најважниот турнит, но тогаш и се ескализираше. Се консултирав со многу доктори и специјалисти, особено во последните два месеци и сите се согласија дека неопходна е пауза, вели српскиот тенисер.

Тој додава дека професионално гледано ова за него било многу тешка одлука, но додава дека треба да се гледа од позитивната страна и верува дека се се случува со причина.

-Околу два месеци нема да имам рекет во раката, ќе се посветам на заздравувањето и семејството. Предавањето на четвртфиналето беше знак дека е време за одлука која за мене е радикална. Имав среќа во кариерата да не паузирам подолго од месец и половина. Навистина сум благодарен што успеав да одржам оптимална состојба за време на мојата кариера, пишува на Фејсбук Ѓоковиќ.

Познатиот тенисер вели дека сите лекари му препорачале дека му е потребен одмор, а не операција. Ноле додава дека времето ќе го посвети на одмор и на семејството, а како што пишува за околу два месеци со сопругата Јелена очекуваат повторно да станат родители.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1