Гостивар: Воз смачка автомобил, неидентификуваниот возач тешко повреден


Вчера во 18.24 часот на патниот премин помеѓу железничко стојалиште Тумчевиште и железничка станица Гостивар се случила железничка незгода помегу патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Кичево и патничко моторно возило „Сеат Леон“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од непознат возач, кој со возилотото ја преминувал пругата.voz pruga3

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Гостивар.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Гостивар.

Во периодот од 18.24 до 21.18 часот железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1