aleksandar makedonskiВо внатрешноста на ридот, оддалечен неколку километри од Свети Николе, почива најголемиот македонски антички војсководец Александар Македонски, тврди познатиот хрватски истражувач магистер Домагој Николик. Аргументите, Николик ги базира врз оваа сателитска снимка од врвот на ридот каде се наога таканречен геоглиф-древен вкопан антички знак, кој за истражувачот означува кралска гробница…

– Да, се работи за гробницата на Александар Мкаедонски.Ова го аргументирам врз основа на моето читање на геоглифот вкопан на врвот од ридот,а фотографиран од сателит. Геоглифот означува ваков вид на древни градби. Знакот ја прикажува големата мајка, која се рефлектира по точни математички, астрономски и геометриски пресметки, што се вклопуваат со часот и датумот на рагањето на Алекасндар Македонски, а тоа е 21 Јули, објасни мр. Домагој Николик – истражувач –

…. Тезата на Николик ја потврдува и професорот од Универзитетот светите Кирил и Методиј од Скопје, Аристотел Тeнтов. За него, вкопаниот знак преставува цел еден текст кој открива повеке за древното сликовито македонско писмо…

– Текстот од Геоглифот говори дека на врховната нешто и посветува големиот водач ЅЕ, а според нашите истражувања бил главен бог на античките македонци. И затоа насоченоста на знакот во средиштето на елипсата е во правец на север-југ, затоа што јужната страна е страна на зенитот на сонцето, страна на богот ЅЕ, изјави Аристотел Тeнтов – професор во УКиМ-Скопје

… Откритијата на истражувачот од Хрватска и професорот Тeнтов за светиниколскиот градоначалник е одлична можност за развој на таканаречениот археолошки туризам. Во изготовка е програма за организирани тури за посета на ова како што мештаните го нарекуваат древно свето македонско место…
– Работиме на специјална програма, значи во изготовка е ваква програма и специјални содржини, според кои ке можат сите луге од целиот свет како туристи и добронамерници кои ке дојдат да го посетат ова место детално да ги запознае со она што е во внатрешноста на ова возвишение, изјави Зоран Тасев – градоначалник на О. Свети Николе –

…. Само детални археолошки истражувања, ке ја потврдат или демантираат тезата на Николик и Тeнтов, дали навистина во срцето на Овчеполието е вечниот дом на најпознатиот војсководец од античко време – Александар Македонски.