Гром удри и запали четири објекти во Кавадарци


Гром запали четири објекти во Кавадарци, противпожарни екипи го локализираа пожарот, информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

grom 432

Територијалната противпожарна единица од Кавадарци повеќе од четири часа интервенираше во гаснењето на пожарот предизвикан од удар на гром врз неколку објекти на улицата „Питу Гули“.

– Се работи за две куќи лепенки во кои живеат неколку семејства. Од пламените јазици беа зафатени горните катови и покуќнината во нив, додека штети има и во долните катови. Среќа во несреќа е што нема повредени, изјави попладнево за МИА Блажо Милев, шеф на смена во Територијалната противпожарна единица во Кавадарци.

Во гаснењето учествувале тројца кавадаречки пожарникари на кои им се придружиле колеги од Неготино, како и работници од неколку кавадаречки претпријатија и граѓани. На располагање биле неколку противпожарни возила и цистерни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1