Груби: Платформата е прифатена од СДСМ и ќе се реализира! (ВИДЕО)


Зоран Заев и СДСМ ја прифатиле албанската платформа од Тирана. Артан Груби од ДУИ во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 потврди дека таа ќе се реализира .grubi

-Знаете што е битно кај платформата, битно е што е прифатено и што ќе се реализира. Прифатена е од СДСМ, рече Груби.

Освен воведување на целосна двојазичност на територијата на Македонија и изедначување на албанскиот со македонскиот јазик, платформата предвидува и „Решавање на спорот со името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право“

Интеграција во Европската Унија и НАТО се бара и во Платформата на албанските партии потпишана во Тирана, но без да биде прецизирано како Република Македонија би станала дел од Унијата. Прашањето за името односно неговото решавање, исто така се споменува во Платформата, при што се бара вклучување на Албанците во директните преговори во Грција.

-Усвојување заедничка и обврзувачка Резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името. Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција, стои во Платформата на албанските партии.

Дел од барањата во албанската платформа се и менување на државните симболи, односно отворање дијалог и дебата за нивна смена. Дека платформата од Тирана ќе се реализира во фази потврди и коалицискиот партнер на Заев, Тито Петковски, кој потврдува дека ќе отпочне процес на промена на химната, знамето и грбот.

Меѓу другото, во албанската платформа се бара и  „Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1