Груевски: Ова е голема, огромна, моќна, силна победа – Ова е недвосмислена доверба


ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата добие двојна доверба, двојна победа и тоа на Ѓорге Иванов со над 500.000 гласови пред Стево Пендаровски, со разлика од над 130.000 гласови

1gruevski500„ВМРО-ДПМНЕ освои над 450.000 гласови, што е за 181.000 гласови разлика споредено со СДСМ, на 92% преброени гласови. Се чини дека ВМРО ќе има 61 или 62 пратеници, наспроти 31 или 32 за СДСМ”, рече Груевски.

„Ова е голема, огромна, моќна, силна победа. Ова е недвосмислена доверба. Ова е јасно изразена волја на народот во Македонија. Со овие две победи граѓаните на РМ во девет изборни циклуси даваат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата”, истакна Груевски.

Според него, на овие избори победи концептот на неуморно работење, на држење до дадениот збор, одговорниот пристап кон работата и ветувањата, на искрен пристап кон народот и граѓаните, концепт на обмислени и остварливи ветувања.

„Победи концептот на грижа за сите граѓани, отворање на нови работни места во тешки времиња, за привлекување на странски инвеститори, победи концептот на создавање дела, на силна инфраструктура низ целата држава, на решавање на многу проблеми на граѓаните, на ниски даноци, на инвестиции во образованието, на инвестиции и подобрување на здравството, на земјоделието, победи концептот на силна и неселективна борба против криминалот и корупцијата во Македонија, владеење на правото, зајакнување на администрацијата, победи концептот што Македонија ја движи кон ЕУ и НАТО, но и концептот што ги штити државните и националните интереси на граѓаните”, рече Груевски.

Тој додаде дека на овие избори разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 26 или 27 пратеника.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1