АХМЕТИ: ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ДУИ


Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера изјави дека партијата на предвремените парламентарни избори освоила 150 илјади гласови наспроти 50.000 на ДПА, што, според него, е историска победа.

ahmeti_664262149– ДУИ и ние како идни членови на владата може да ги подобриме политиките. Ќе ја смениме ситуацијата во земјата и во однос на економијата и на влезот во ЕУ и во НАТО, рече Ахмети.

Според него, ЕУ и НАТО се единствена алтернатива и нема подобра иднина за Македонија. Зачленувањето во овие институции ќе значи подобри меѓуетнички односи и економски просперитет и развој, додаде Ахмети.

Тој им се заблагодари на гласачите на албанскиот електорат и на помалите етнички партии кои гласале за ДУИ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1