Ѓорчев: Груевски премиер, Иванов претседател – Македонија е во сигурни раце!


Влатко Ѓорчев за двојните избори во Македонија истакна дека татковината е во сигурни раце: Никола Груевски останува премиер на Македонија, Ѓорѓе Иванов останува претседател на Република Македонија!

gjorcev-500– Ние од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” ќе ја почитуваме волјата на граѓаните, и тоа е најважно. Овие неколку недели граѓаните го дадоа својот одговор. Концепт на проекти, изградба на автопатишта, плати и пензии… Наспроти сосема поинаквиот концепт на опозицијата – вели тој.

Ѓорчев додава дека граѓаните од сите општини го дале одговорот. Го истакна и убедливиот резултат во Австралија, каде што 4 проценти беа за СДСМ, а 91 процент за Ѓорѓе Иванов. Во Европа, ВМРО-ДПМНЕ имаше 53 проценти, поради што Ѓорчев и се заблагодари на Европа. Во Северна Америка 5 проценти за СДСМ, 26 за ДУИ и 65 проценти за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Се заблагодари и на целата коалиција, сите 24 партии, истакнувајќи дека победата е заедничка. Тој им се заблагодари на Србите, Турците, Албанците… на сите Македонци и сите градови во Македонија за огромната поддршка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1