ХОЛАНДИЈА: Зајакната контрола на границите, во војна сме со „Исламска држава“


Холандија ја зајакна безбедноста на границите и аеродромите по терористичките напади во Париз, изјави денеска премиерот Марк Руте.granica-ograda-zica migranti

Тој додаде дека Холандија е „во војна со Исламска држава“, која презеде одговорност за синоќешните напади во Париз.

Руте на прес-конференција истакна дека целиот сообраќај кон и од Франција и Париз ќе се следи внимателно, вклучувајќи ги и аеродромите и железничките станици.

– Сите безбедносни служби ќе работат со зголемена готовност. Нашите вредности и почитувањето на законот се посилни од нивниот фанатизам – нагласи холандскиот премиер.

Руте додаде дека „ИД е нашиот непријател и ние не сме во војна со држава, вера или со исламот“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1