Хорор: 10 месечно бебе три дена лежело под лешот на својот татко


Десетмесечно бебе е сместено во болница во Лузијана, во САД, откако поминало три дена под трупот на својот татко.
Девојчето е спасено во петокот откако нејзиниот 5-годишен брат отишол кај соседите и им рекол дека неговиот татко не се буди веќе неколку дена.BEBE APARATI
Од полицијата посочиле дека 43-годишниот татко Џејсон Фиелдс седел на работ на креветот со лаптоп на колената а бебето спиело позади него на креветот, кога одеднаш тој се онесвестил и паднал брз бебето.
Според неофицијални информации тој доживеал срцев удар и веќе извесно време имал здравствени проблеми. Обдукција нема да биде извршена бидејќи телото на таткото поради топлината во станот било веќе полураспаднато.
Кога го пронашле бебето под лешот на својот татко тоа било дехидрирано и имало рани по кожата.
Фиелдс живеел сам со своите две деца, бидејќи нивната мајка била во затвор.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1