И храната на Нестле со коњско месо – се повлекуваат производи


Најголемата прехранбена компанија во светот „Нестле“ повлече од трговската мрежа во Италија и Шпанија тестенини со говедско месо откако по анализи е утврдено присуство на коњско месо над еден отсто, објави ББЦ.

Nestle-7Компанијата соопшти дека ги известила властите. Минатата недела соопштија дека нејзини продукти не се засегнати од скандалот со коњско месо во Европа.

Нестле повлекува од продавници во Италија и Шпанија замрзнати равиоли и тортелини со говедско месо. Компанијата ќе повлече и замрзнати лазањи болоњезе произведени во Франција.

Нестле и официјално на својот веб сајт постави соопштение во кое ги информира купувачите кои производи се повлекуваат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1