Истече времето, Грција не ја плати ратата, неизвесноста расте


Истече времето за Грција и во Вашингтон и во Брисел. Грчката влада не ја исплати ратата од 1,6 милијарди евра од долгот кон ММФ, европската финансиска помош не е обновена со што државата останува без финансиски средства, со огромен долг кон меѓународните институции. Со ова државата е во „дифолт“,односно нема да може да врши сервисирање на долговите, ниту пак да смета на финансирање од меѓународните кредитори.

greece-and-yelling

Сите погледи сега се завртени кон шефицата на ММФ Кристин Лагард и дали таа ќе прогласи банкрот или ќе и даде една последна шанса и продолжен рок од еден месец на Грција? Кусо пред полноќ „Fitch“ го намали кредитниот рејтинг на Грција од CC на CCC, степен на висико ризична кој се прогласува пред состојбата на банкрот. Со неисплаќање на ратата следниот чекор е да се свика бордот на ММФ кој ќе биде известен за грчкото неисплаќање на долгот и ќе одлучи дали веднаш да се прогласи банкрот или да се даде кусо одложување за да се исплати долгот.

Грчката влада по вчерашната остра критика до ЕУ, денес со сите сили се обидуваше во пет до дванаесет да постигне договор со европските институции преку нов предлог за двогодишен договор и барање за нова финансиска помош во висина од 29 милијарди евра со барање за реструктуирање на дологот. Барањето не беше прифатено од Еврогрупата вечерва, со што Грција ја испушти шансата да го избегне моментот на соочување со банкрот во нејзината модерна историја. Според информациите во медиумите, грчката влада и министерот за финансии Јанис Варуфакис до последен момент се бореле за договор заснован на предтходните предлози на европските кредитори, обврзувајќи се да прифатат и строги услови само да се дојде до договор пред да дојде полноќ односно рокот кога на ММФ требаше да и се плати новата рата од долгот.

Се шпекулира дека европските кредитори не сакале воопшто да разговараат за нов пакет за помош пред резултатите од референдумот, како и дека од грчката влада барале да се откаже од референдум. Според грчките медиуми, Варуфакис нудел „трампа“ откажување од референдумот во замена за намалување на грчкиот долг. Грција се очекува да поднесе нов, подетален предлог рано изутрина кога ќе продолжи состанокот на министрите за финансии на ЕУ за грчката криза.

Со завршување на пакетот помош државата изгуби 12,7 милијарди евра кои беа договорени за Грција и грчките банки преку европскиот систем за финансиска помош.

Мета

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1