Избегната трагедија: Се запалил мотор на авион на „Александар Велики“


Вчерашниот утрински лет од скопскиот аеродром за Белград на српската компанија „Ер Србија“ беше откажан поради технички проблеми, велат од компанија, а патниците велат дека непосредно пред полетувањето се запалил еден од моторите на авионот, објави МКД.МК.

avion - er srbijaАвионот требало да лета на редовната линија Скопје – Белград, ама настанал мал дефект на моторот и сите патници се префрлени за попладневниот лет, е официјалната информација од компанијата.

Сепак, како што пишува мкд.мк, дел од патниците на социјалните мрежи со јавноста споделија една поинаква информација.

Тие велат дека непосредно пред полетувањето, кога авионот веќе бил на пистата пред полетување, десниот мотор се запалил. Сите патници веднаш биле евакуирани и се поминало без никакви посериозни последици.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1