Кире Лазаров нема да игра вечерва против Данска


Без капитенот Кире Лазаров македонската ракометна репрезентација ќе биде на вечерашниот дуел со Данска, последен од втората групна фаза на Европското првенство во Хрватска.

На местото на Лазаров кој има повреда на задната ложа од бутниот мускул на десната нога, во тимот влегува Гоце Ојлески.

Лазаров се повреди во неделата на средбата со Шпанија, а вчера против Чешка влегуваше само да изведе седмерци.

Натпреварот Македонија – Данска се игра денеска со почеток во 18,15 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1