Меколи Калкин: Ја напуштив глумата бидејќи татко ми ме злоупотребуваше!


Меколи Калкин откри шокантна причина што го принудила да го напушти Холивуд. Некогаш најголемата детска ѕвезда се подготвува за враќање на малите екрани, а тврди дека ја напуштил глумата поради злоупотреба.

Удари и лузни

Калкин, кој денес има 37 години, тврди дека неговиот татко Кит ментално и физички го злоупотребувал, бидејќи бил љубоморен. Му се заканувал дека ќе го удира ако не направи нешто добро.

– „Направи го тоа добро, инаку ќе те удрам“, ми велеше.Тој беше лош човек. Беше насилник. Физички и ментален. Можам да ви ги покажам сите мои лузни доколку сакам – рекол во интервјуто Меколи.

Ѕвездата на омилениот божикен филм „Сам дома“ тоа го открила во интервјуто со Марк Mарон пред снимањето.

– Сè што тој (таткото на Калкин) се обидуваше да направи во животот, јас успеав да го направам пред да наполнам 10 години – рекол Калкин.

Неговите родители се развеле во 1994 година откако тој го снимил „Ричи Рич“. Нивната разделба ја нарекол „една од најдобрите работи што некогаш се случиле“, бидејќи поради тоа ја напуштил филмската индустрија.

17 милиони долари

Калкин ги тужел своите родители кога имал само 15 години поради својата заработувачка од 17 милиони долари и ги избришал како законски старатели за да не можат повеќе да го контролираат неговото богатство.

– Готов сум, се надевам дека ги заработивте сите свои пари, бидејќи од мене повеќе нема да ги видите – рекол Калкин.
Во меѓувреме, станал добар пријател со Парис Џексон, ќерка на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон, со кого исто така бил близок пријател па на Парис ѝ станал кум, а делат и иста тетоважа.

Од 2002 година, девет години бил во врска со актерката Мила Кунис.

– Беше голем, не можевте да чекорите со него по улица. Секогаш привлекуваше некое чудно внимание. Обожавателите врескаа, не знаеја како да реагираат. Тоа не беше нормална реакција на ѕвезда. Фановите на неговата појава реагираа многу ненормално – рекла Мила.

Актерот денес изгледа многу подобро, а е во врска со ѕвездата на „Дизни“ Бренда Сонг, која на Инстаграм го нарекла „пастув“.
Освен тоа, Меколи Калкин се враќа и во Холивуд со улогата во драмската комедија „Чејнџленд“, заедно со својата девојка Бренда, а под палката на пријателот Сет Грин.

Во пеколот на дрогата

Кит Калкин, таткото на Меколи Калкин, е роден во Њујорк. Тој бил новинар, а мајката – писателка.

Татко му го малтретирал и алчно го контролирал и му ги трошел парите што Меколи ги заработил. Кога не сакал да глуми, Кит Калкин го принудувал тоа да го прави поради што несреќното момче на крајот завршило во пеколот на дрогата. На 10 години станал милионер, сепак, на 14-годишна возраст Меколи Калкин објавил дека се повлекува од глумата, а тогаш почнале кавгите поради што неговиот татко го напуштил семејството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1