Кои куќи во Македонија се опседнати со духови – еве некои од нив


Постојат легенди кои посочуваат дека најверојатно на повеќе локации во Македонија постојат куќи кои се опседнати со духови.

До Јаја Паша џамијата има една градинка. Во дворот на таа градинка има остатоци од градба. На времето кога ја граделе градинката, со багер сакале тие остатоци да ги исчистат, но багерот се превртел. безуспешно неколку пати пробале да ги тргнат, на крај ги оставиле. И денес може да се видат во дворот на градинката, покрај улица.

kukjaСкопје – позната е зелената куќа во Црниче. Таа за жал сега е веќе срушена. Жителите на населбата Црниче сеуште сметаат дека оваа куќа долг период била опседната со духови. Оние кои поминувале покрај куќата во доцните часови слушале најразлични крици и извици, како и тропање на врати кои всушност не постоеле во куќата.

Братска клетва е причина за проклетството на зелената куќа во скопската населба Црниче. Оваа легенда ја раскажа потомок на првите сопственици на куќата и наводно Скопјанецот Трајко Боцев ги проколнал браќата бидејќи не сакале да го погребаат во семејната куќа. Никој не знае ниту каде е закопан. Пред да умре фрлил клетва на браќата да им се уништи се’ во животот. Од тука почнува проклетството“, раскажува за “Вест“, Здравко, потомок на Трајко.

Целата приказна на следниот линк –

ОТКРИЕНА КЛЕТВАТА ФРЛЕНА НА ХОРОР КУЌАТА ВО ЦРНИЧЕ

kukja duh4Втората приказна е за семејството кое се доселило од Црна Гора. Семејството маж, жена и 3 деца биле богати. Едното дете починало паѓајќи од коњ, второто се удавило во бунарот, мајката се самоубила, а набрзо по неа и таткото. Отогаш во оваа куќа се случувале чудни работи.

Во македонскиот град Прилеп, исто така постојат неколку куќи за кои се верува дека се опседнати со духови. Доказ за тоа е сведоштвото на жителите кои раскажуваат дека навечер се палеле лампи во овие напуштени куќи, сами се отварале и затворале вратите и слично.

Оваа куќа сега може да ја посетите преку 3д проекција и да ја видите внатреношноста на следниот линк

Се сеќавате на страшната куќа во Црниче? Сега може да ја посетите преку 3Д проекција

Во центарот на Штип, постоела празна и напуштена куќа за која се верува дека е опседната со духови. Но, откако во таа куќа се наоѓа централа на некое радио, вработените ниту еднаш не се пожалиле дека се „вознемирени“ од духови.

duhovi-kuki-2

Во Битола, жителите сведочат за куќа која најверојатно е опседната со духови. Доказ за тоа е крстот кој се наоѓа на едната страна од ѕидот. Оние кои живееле таму, се обидувале преку фарбање на ѕидот да го покријат крстот, но не успеале.

Во скопската населба Ново Лисиче, има 3 кули од каде што до сега многу луѓе се имаат фрлено. Се збореше дека порано на тоа место имало гробишта, па демек затоа луѓето се фрлале. Поради тоа пред неколку години во средината на тие 3 кули, направија мало црквиче, и од тогаш никој до сега се нема фрлено.

фабриката Ино Спектар во К.Вода близу цементарницата порано таму имало гробишта. Кога се градеа некои фабрики таму и кога се копаа темели, се најдоа многу коски, черепи И таа приказна дека имало духови, па ги снемало откако се изгради камбаната се вртеше долго време низ населбата

Во Скопје имаш опседнат објект во Карпош 4. На Љубљанска улица. ЕМУС Сервис. Тој е изграден 80 година врз муслимански гробишта. 20-30 дена некаде пред велигден се случуваат лудории. Таму на времето работеле во 3 смени и еден работник видел силутета со висока капа, како Оџа – по 3 дена работникот починал. Исто така чистачките одбивале да работат 3та смена. Обезбедувањето некаде 2002 година се има толку уплашено што цела ноќ ја поминал надвор и следниот ден напуштил работа. Стоплиците од канцелариите кога правел проверки се собирале во круг, тој ги враќал назад но на следната проверка повторно ги наогал во круг.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1