Крстовден го претскажува времето: Ако е топло ни претстои…


Крстовден е голем празник кој го прославуваат православните верници, денот кога е пронајден Чесниот крст и денот кога е вратен од Персија во Ерусалим.krstovden

Порано, луѓето на овој празник држеле строг пост.

Се верува дека денешниот ден го претскажува и времето:

– Ако на Крстовден е облачно, зимата ќе биде богата со снег, а ако е суво, наредната година ќе биде сушна.

– Ако до Крстовен не си заминат ластовиците, нема да има јака зима.

– Слаб дожд на Крстовден претскажува блага зима.

– Грмежи на Крстовден претскажуваат плодна година.

– После топлиот и сув септември ни претстои студен и врнежлив октомври.

– Ако за Крстовден е облачно, зимата ќе биде снежна. Ако е ведро, ќе има мраз.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1