Летна во воздух ресторан во Албанија, над 20 повредени


Меѓу 20 и 30 лица се повредени при експлозија на гас во еден ресторан во туристичката населба Велипоја во северозападниот дел на Албанија.

Според болнички извори, петмина од жртвите се задобиле со посериозни повреди.

Како што јавија албанските медоими, експлозијата се случила во кујната на ресторанот, кој се наоѓал на првиот кат на еден хотелски комплекс.

По експлозијата во објектот избувнал пожар, во чие гаснење учествувале локални пожарникари и поголем број доброволци.

Поради пожарот биле евакуирани гостите во хотелот, како и дел од жителите на околните куќи.

Велипоја е едно од најпознатите туристички дестинации во северна Албанија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1