Мајка ги фрлила децата од 15 кат – и досадиле


Русинката Галина Рјабкова ги фрлила своите две деца од 15 спрат од зградата во која живееле во Москва. Потоа мирно се симнала пред зградата каде соседите ја задржале додека не дошла полицијата.

Монструозната мајка ги фрлила децата, на возраст од 4 и 7 години,  а потоа мирно се симнала во приземјето на зградата каде ужаснатите соседи се обидувале да ги реанимираат дечињата. Еден од нив со крик на лицето ја прашал што се случило, а таа мирно му одговорила ,, Ми досадија,,

Друг сосед кој ја сретнал на скалите незнаејќи што се случило ја прашал ќе се симнат ли дечињата, а таа му одговорила ,, Не, ги фрлив од зградата,,. Соседот мислел дека се шегува но само неколку секунди подоцна ги слушнал криците од соседите кој ги виделе телата на малечките облеани во крв на асфалтот.

Соседите веднаш повикале брза помош и полиција, и самите се обиделе да ги реанимираат, но дечињата починале на самото место.

На снимката од безбедносната камера се гледа како 30 годишната мајка мирно се симнува во приземјето каде соседите ја задржале додека не пристигнала полицијата. Мајката не покажувала никакви емоции.

Share Button

Tags: , , , , ,

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1