Мајка и ќерка одмрзнувале плинска боца која експлодирала – двете со тешки повреди пренесени во болница


Две битолчанки, 17 годишна девојка и нејзината 53 годишна мајка, се тешко повредени во пожар предизвикан од експлозија на плинска боца на улицата Пореч во Битола, пренесува Канал 5.

Во тешка состојба двете веднаш се хоспитализирани во битолската клиничка болница со изгореници од втор и трет степен и зафатеност над 30% во пределот на лицето, рацете, натколениците и грбот. Од болницата посочуваат дека во потешка состојба е примена девојката, по што е поставена на респиратор за вештачко дишење.pozar-vo-kuka-bitola-640x426

Нивната состојба е стабилизирана, но се уште критична, поради што денеска се преземени и подготовки за нивно транспортирање во Центарот за опекотини при Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза,, во Скопје на Клиниката за пластична хирургија .

Од полицијата информираат дека до пожарот дошло при обид да биде одмрзната замрзната плинска боца. Тоа било направено со импровизирана греалка во леген со топла вода, при што настанала експлозија на плинската боца, а потоа и пожар. Во моментот во куќата имало и други членови на семејството, но освен мајката и ќерката никој друг не е повреден.

На гаснењето на огнот интервенирале 4 возила на противпожарната единица, при што работеле во отежнати околности бидејќи улицата Пореч каде што се наоѓа изгорената куќа е во високата зона на населбата Баир на тешко пристапен терен. Снежните врнежи дополнително ја отежнувале интервенцијата, поради што едно од пожарникарските возила се излизгало и удрило во куќата.

Пожарот предизвика и голема материјална штета, така што во куќата во моментов нема услови за живеење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1