Македонки самохрани мајки – Не сакав пекол, одбрав беда и милион осуди


Доколку самохраните родители, особени оние младите, на секој можен начин се обидуваат да ги усогласат секојдневните обврски и што повеќе време да посветуваат на детето, често се соочуваат со осудување од страна на околината.
Додека брзаат за на работа, го оставаат детето на училише и што ли уште не,  секогаш се наоѓа некој што ќе каже „ Не мислел/а на време“.

Нормално, луѓето често знаат да кажат и нешто за тоа како младите, самохрани родители не ги воспитуваат децата добро, премногу работат, па имаат малку време за своите деца, или дека се кариеристи… Притоа, нема да размислат пред да дофрлат,  за тоа со какви проблеми се соочуваат младите и самохрани родители,  и дека прават се за да ги изнесат децата на вистинскиот пат.rep-materinski-dom

Денес да се биде самохран родител, значи да се соочувате со многу предизвици. Начинот на кој ќе балансирате меѓу животот и работата како самохран родител многу зависи од поддршката која ја добивате – социјална и финансиска. Во секој случај морате да побарате помош од блиските, бидејќи само на тој начин ќе можете да му го олесните на детето прилагодувањето со новата ситуација.

Јас сум самохрана мајка, а моето ангелче има девет и пол месеци. Да не ви раскажувам низ каков пекол поминав, затоа што тоа сега веќе и не е битно. Доволно е само да кажам дека истиот момент кога останав бремена, останав и сама, и без работа, и се ви е јасно. Како и да е, низ што се поминував, и се уште поминувам е најмалку битно. Битно ми е само моето ангелче, поради кое се уште сум жива, вели скопјанка

Распуштеница“ многу грдо звучи. А, така не нарекуваат нас разведените и самохраните мајки. Никој не прашува дали јас сум херој што на свој грб носам две деца, ги школувам сама, ги носам на одмор сама, симнувам температура сама, заспивам со нив сама… ја раскажува за „Дневник“ Ружица П. од Скопје својата животна приказна.

Платата ми е 12.300 денари. Би работела и уште една работа, но како ќе растат децата без родителска грижа и љубов. Морав да избирам меѓу беда и деца и пеколен брак, ќотек, ручек и деца. Ги спасив од татко насилник. Разочарана сум од општеството,  немам никаква помош ниту од државата ниту од таткото, кој постојано лаже дека нема плата, а оди на скијање во странство и никој ништо не му може.jpeg

Ана е мајка на десетгодишно девојче. Разведена е веќе пет години и нема никаков контакт со поранешниот сопруг. Дури и нејзината ќерка нема чести средби со татко си, освен за роденден и за поголемите празници, кога ја носи на ручек кај неговите родители. Вели дека финансиите се најголем проблем со кој се соочува по разводот, зашто со нејзината плата не може да ги намири сите трошоци за одгледување на детето. Згора на тоа, дополнителна мака ѝ задава неодговорното исплаќање на месечната обврска кон детето, која ја има поранешниот сопруг. Алиментацијата не ја исплаќал со месеци, а единственото што можела да го направи е да поведе судска постапка, за што исто така ѝ биле потребни пари, пишува Нова Македонија

Скоро 12 год. бев самохрана мајка и морам да кажам дека тоа беа навистина напорни и тешки години…со оглед на тоа дека за се мораш сама да се снајдеш и во ниту еден момент никој од државните институции не најде засходно да помогне,не само мене туку на многу други самохрани родители на кои навистина им е потребна помош.Сега сум во брак 1год. животот потполно ми се смени,но годините зад мене и трагите што ги оставија на мене и на моето дете не верувам дека некогаш ке исчезнат, вели 40 годишна скопјанка

Јас сум самохран родител веќе 3 години, навистина е тешко човек да се снајде во таква ситуација, но се се издржа и истрпи – причина се децата, вели Мики

Емилија Максимовска, самохран родител на близнаци повеќе од година дена користи постојан паричен надомест. Таа објаснува дека нема кој да се грижи за нејзините децата за да се вработи

Не бев запознаена дека ми следуваат пари од државата, бидејќи сум самохрана мајка. Откако наполнија децата шест месеци почнав да земам пари. Имам две машки близначиња и морам да се грижам за нив. Во брак никогаш не сум била. Земам 6500 денари и пола од парите ги трошам за млеко. Со остатокот го купувам потребното за децата. Многу е тешко. – раскажува Максимовска за Kumanovonews.

Мојот проблем е што сум самохрана мајка на две малолетни деца со нерешено станбено прашање, живееме под кирија, во многу лоши, нехумани, услови, бидејќи не можам да си дозволам повисока парична сума за кирија.Молам за совет и идеја како да обезбедам покрив над глава!

самохрана трудница уште малце и без покрив над глава поради неподршка од родителите и незнам како ке најдам крај со крај и премногу ми е тешко…, 23 годишна македонка

 

Самохрани родители најчесто се жени, односно осум од десет родители што ја преземаат грижата за децата по разводот се мајките. Во најголем број случаи мажите стануваат самохрани родители само ако нивната сопруга почине. Како што бележи Државниот завод за статистика, во земјава е зголемен бројот на разводи и сѐ повеќе родители се соочуваат со проблеми во врска со плаќањето издршка за децата.

Висината на алиментацијата се движи од 2.000 денари до 50.000 денари месечно, во зависност од висината на платата што ја има родителот што ја плаќа алиментацијата.
Нема податоци за неплаќачите на алиментација

Самохраните родители имаат право на надомест за најмногу три деца додека не наполнат три години.Истовремено добиваат и детски додаток.За мајка и дете износот на социјалната помош е 4600 денари, а ако се две деца 6600 денари.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1