Аларм: Животот на Европјаните е во опасност – никој ништо не превзема а ќе умираме како глувци


Стотици илјади Европјани во наредните 20 години ќе се соочат со смрт како последица од загадувањето на воздухот на чие спречување не се работи воопшто доволно, опоменува Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Една од најлошите земји кога се работи за решавање на проблемот поврзан со загадувањето е и Велика Британија. Статистиките покажуваат дека во градовите како Лондон, Бирмингам и Лидс, до 2030-тата година нема да ги задоволуваат критериумите на Европската унија врзани за намалување на загадувањето.zagaduvanje3

Генерално, цела Европа има прилично лоши еколошки индикатори, вклучувајќи го тука и губитокот на био разновидноста во корист на урбанизацијата и интензивното производство на храна како и ниските залихи на плитки води, стои во известувањето објавено од страна на EEA која ги повикува сите земји членки повеќе да се посветат на стратегиите за намалување на загадувањето.

Сепак, се чини дека во одредени сегменти за заштита на околината е забележан минимален напредок. Се работи за намалување на загадувањата на крајбрежните води во многу регии, а вкупно е намалена и емисијата на стакленички гасови.

Управувањето со комуналниот отпад е исто така на малку подобро ниво, како и намалувањето на индустриското загадување, но прогнозите покажуваат дека токму загадувањето на воздухот во наредните 20 години ќе претставува огромен проблем за Европјаните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1