Мистерија која ниту денес не е решена: Купил половен МП3 полн со тајни податоци


Еден од најголемите пропусти на американските разузнавачки служби се случил пред неколку години кога Крис Огле од Нов Зеланд купил половен емпетри МП3, а на него пронашол безбедносни податоци.MP3

Тој, уредот за слушање музика го платил 9 долари, а не ни сонувал дека во него ќе најде доверливи податоци.
Кога после неколку дена го вклучил уредот на компјутер, пронашол податоци во дигитална форма со ознака строго доверливо. На него се наоѓал список од мисии на американската војска во Ирак и Авганистан, времето на нивниот почеток и оружјето кое ќе биде користено како и местата на кои оружјето е распоредено.

Една новинарка се заинтересирала за пронајдокот на Крис, па телефонски контактирала еден од војниците од доверливиот список. Војникот, откако му кажала како дошла до неговите податоци, занемел и ја прекинал врската.

Официјален Пентагон потврдил дека МП3 со доверливи податоци е „изгубен“ уште 2005 година, како и дека повеќе информации ќе објави откако ќе заврши истрагата.

Огле рекол дека Американците имале среќа што уредот завршил во пријателски раце.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1