Момче убиено на патот кон Мирковци


Дваесет и шестгодишно момче од Скопје е убиено денеска на локалниот пат што ги поврзува населбата Бутел и скоспкото село Мирковци, информира полицијата.
policija-lentaЏемајледин М. роден 1987 година бил пронајден мртов од дваесет и петгодишна девојка од скопско Брњарци, по што биле алармирана и полицијата. Скопската полиција информира дека момчето е убиено до неколку куршуми од огнено оружје во засега неутврдено време.
На местото на убиството се пронајдени траги од крв, еден куршум, шест чаури од испукани куршуми, три проектили и еден фрагмент од проектил од испукани куршуми. Идентитетот на убиецот, како и мотивите за убиството засега се непознато. Од Министерството за внатрешни работи велат дека скопската полиција работи на расветлување на убиството.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1