Нападот бил одмазда за Малала: Ја полиле со бензин и запалиле учителката – децата морале да гледаат


Вниманието на светската јавност во последните 24 часа е насочено кон Пакистан, каде што синоќа беше изведен масакрот во кој што беа убиени 141 лице.

Имено, пакистанските талибани го изведоа најкрвавиот терористички напад во историјата на оваа земја, усмртувајќи вкупно 141 лице во училиштето во кое се образуваат деца на војници, а дури 132 од жртвите се ученици. malala

Како еден од мотивите за масакрот се посочува неодамнешната воена офанзива над нивните скривалишта, а нападот, кој по седум часа борба бил завршен со смртта на шест напаѓачи, во црнина ја зави целата држава.

Набрзо во јавноста се појавија застрашувачките сведоштва на преживеаните, кои изјавиле дека талибанците оделе од една во друга училница, убивајќи голем број на деца, од кои некои одвај имале и 12 години.

Масакрот предизвика бран на меѓународни критики, од Обединетите нации, па се до големите западни сили и Индија, традиционалниот соперник на Пакистан, како и од младата активистка за образованието, Малала Јусуфзаи, новата добитничка на Нобеловата награда за мир.

Експертот за исламистичките милитанти Ахмед Рашид, во интервјуто за ”BBC” изјавил дека талибанците имале цела низа на мотиви поради кои што го нападнале училиштето, но сепак, еден од најважните е испраќање на порака до следбениците на Малала Јусуфзаи, која што беше повредена во 2012 година, кога талибаните ја стрелаа поради нејзините заговори за образување на децата и жените.

Одговорноста за нападот ја презело Талибанското движење во Пакистан, главната исламистичка бунтовничка група во земјата и извршител на нападот на Малала во 2012 година. Во меѓувреме, анонимен извор во интервјуто за телевизиската мрежа ”NBC” раскажал за хоророт низ кој поминала една од учителките, жртва на нападот.

Имено, терористите најпрво ја полиле со бензин и ја запалиле, а потоа ги присилиле нејзините ученици да гледаат како таа умира во страшни болки. Наводно, терористите ја одбрале токму таа учителка затоа што таа била омажена за висок воен функционер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1