Наскоро праќање пари преку Фејсбук


„Facebook Messenger“ апликацијата наското ќе дозволи покрај лајковите, пријателите на таа социјална мрежа да си праќаат и пари.

„Денес ја додаваме оваа нова функција која на луѓето ќе им понуди згоден и безбеден начин да праќаат или примаат пари“, стои во соопштението на оваа компанија.facebook-money-500

Оваа функција прво ќе им биде достапна на корисниците во наредните неколку месеци во САД, но исто така може да се очекува и во остатокот од светот.

За да ги примат парите ќе треба да кликнат на новата „$“ иконка која се наоѓа покрај копчето за праќање фотографии и стикери.

Потоа потребно е само да се внесе износот, да се притисне копчето „pay“ (плати) во горниот десен агол и да се внесе бројот на кредитната картичка.

За да се уверат додатно корисницте во безбедноста на овие трансакции, Фејсбук нагласил како секој ден на својот сајт процесира повеќе од милион финансиски трансакции кои им одат на огласувачите и сите оние кои играат онлајн игри.

Системите за плаќање се одделени од другите делови на мрежата Фејсбук и додатно се контролираат и следат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1