Наставник од Скопје физички нападнал 12-годишен ученик


На 06.11.2017 година во 17:20 часот, А.Ј. (28) од Скопје пријавил дека истиот ден во основното училиште „26-ти Јули“ лицето З.К. (50) од Скопје, наставник во училиштето, физички го нападнал неговиот 12- годишен син.

Според пријавата, тој го удрил детето во пределот на лицето, со што му нанел видлива повреда во вид на црвенило од левата страна на образот.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1