Не бегајте по скали додека тресе земјотрес


При земјотрес граѓанинот треба да се спушти на под, евентуално да се покрие, да клекне под маса или наспроти внатрешен ѕид, но не кај врата, с` додека не престане тресењето. Откако ќе запре тресењето, треба да се провери состојбата и останатите присутни во просторијата и да се пристапи кон најблискиот излез или алтернативен излез, доколку постои. Треба да се евакуираат сите лица од објектот (станбена или деловна зграда), меѓутоа мирно, колку може потивко, во ред, во колона, а сепак да биде брзо. Евакуацијата не смее да се врши со лифт, Пишува Дневник.

zemjotresАко е потресот помал, лицата може да излезат од објектот и додека трае тресењето, особено оние што се во куќи, на приземје и кои можат многу брзо да излезат. Но, ако е потресот силен, не се препорачува бегање и излегување на тераса затоа што граѓанинот може да настрада од работите што паѓаат, како тавани, греди, скали, стакла од прозорци. Лицата што се евакуирале не смеат да ги напуштаат објектите за привремено сместување с` додека не добијат информации за ситуацијата на терен, дека просторот и објектите се безбедни да се вратат во нив.

Овие совети за самозаштита на населението при земјотрес се изработени од Дирекцијата за заштита и спасување. За жал, тие не може да се најдат на нивната веб-страница, поради двоумење на надлежните дали советите треба да бидат дадени поопширно или во поедноставна форма.

Во нашата држава с` уште нема упатство што треба секој да понесе доколку се евакуира, а може да му биде од полза, на пример семејни документи како што се изводи од матичните книги на родените и на венчаните, возачка дозвола или осигурителни полиси, семејни фотографии на деца, на родители, како и лични хигиенски средства, сапун, крпа, четка за заби, минимално облека и обувки. Треба да се земе основното што ќе може да послужи за 24 или за 72 часа кога лицата ќе бидат отсутни од својот дом. Се препорачува секој член на семејството да има подготвена торбичка за итна евакуација со основните документи и прибор што ќе послужи додека трае непогодата.

Повеќе на – Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1