Сакате да заработите на YouTube? Еве како


YouTube е веб портал за слободно и бесплатно прикачување на домашни видеа, официјални видео записи, блогери па дури и slideshow од слики. Се разбира претходно потребно е да имате направено свој канал преку кој ќе ги објавувате овие видеа, а воедно добивате бенефиции да коментирате на други видеа, да “лајкнувате” итн. Исто така можете да станете претплатник на друг канал, со што ќе можите да ги следите активностите на тој канал, а исто така и другите канали можат да бидат ваши претплатници.

youtube_logoДодека сето ова е забавниот дел, YouTube партнерството претставува веќе бизнис и тука ограничувањата се поголеми. Постојат правила според кои можеш да станеш YouTube партнер, а некои од нив се: објавување на оргинални видеа, забранет расизам, национализам или било кој вид на дискриминација, забранета е голотија и вулгарни содржини, забранет е вулгарен јазик, забранети се прикажувања на конзумирање дрога и така натаму.

Но тоа не е се. Покрај овие пишани правила, постојат и некои други правила според кои се избираат YouTube партнерите како на пример, потребно е над 1000 претплатници и преку 50 000 прегледи на каналот кој го поседувате. Доколку успеете да станете партнер до YouTube тоа не значи дека ќе добивате пари, сеуште. Постои ценовник по преглед кој се менува секојдневно поради слободата на компаниите кои се рекламираат за тоа колку пари ќе одделат. Така, процентот кој го добивате варира од 0.02 до 0.05 долари за преглед на едно видео. Но постои уште еден последен услов. Најпрво потребно е да постигнете гледаност од 1 милион на едно видео, за да започне процесот на наплаќање.

Звучи комплицирано и тешко? Но што ако сумираме на тоа дека YouTube ѕвездите заработуваат преку 300 000 долари годишно? Мислам дека вреди да ја земете камерата и да ја пуштите вашата имагинација на слобода, затоа што YouTube парите се вистински и постојат, и да, луѓе живеат од тоа како вистински ѕвезди.

Izvor – ZaSe.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1